Вистинска драма во шоуто ,,Ѕвездите на Гранд”: Жестока расправија меѓу Карлеуша и Аца Лукас!

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша и Аца Лукас се скараа како никогаш до сега.
Јелена Карлеуша уште еднаш покажа дека е голема кавгаџика и повторно ја спомна Цеца со што докажува дека и е трн во нејзините очи.

Пејачката му се обрати на колегата дека се однесува како неговата пријателка од провинција мислејќи на Цеца.

– Ќе зборувам и ќе коментирам како што јас сакам! Не сум јас како твојата другарка од Житораѓа, со неа можеш вака да разговараш, не со мене, му се обрати на Аца, кој на ова и врати:

– Тоа што го кажа е многу лошо. Јас имам многу другарки од разни делови на Србија, па дури и од целиот свет, и ти си ми другарка. Не е убаво што ги навредуваш луѓето по тоа од каде доаѓаат.

Аца пробувал да ја смири расправијата но Јелена секако не сакаше да попушти и продолжи:
– Многу се дружиш со сељанки, па веќе се однесуваш како нив. Околу тебе само клошари и сељаци.

Навистина многу ниско од нејзина страна.

Comments are closed.