Завршила во затвор затоа што одбила да ги испере алиштата на маж и

Поради кавга за валкана облека, односно поради тоа што одбила да ја испере, мексиканката Дулсе Рекена Гарсија поминала половина ден во затвор.

Нејзиниот сопруг, возачот на камиони, Едгар Иван Перес Алварадо (26) планирал да излезе со пријателите во град и и наредил на сопругата да му ја испере облеката која имал намера да ја облече за таа прилика.

Сомневајќи се дека ја изневерува , Дулсе одбила тоа да го стори опправдувајќи се дека е уморна и дека сакала да гледа телевизија.

Изнервиран од целата ситуација , Едгар ја пријавил сопругата во полиција, а како причина навел – „одбивање на брачни должности“.

Во изјава за весникот „Вос де галисија“, незадоволниот маж изјавил дека сака да ја дисциплинира својата непослушна сопруга.

Со оглед на тоа што Дулсе кај себе немала 400 пезоси (25 евра) да ја плати паричната казна, таа морала да помине 12 часа во затвор .

Comments are closed.