Неможејќи веќе да ги поднесе осудите од јавноста, манекенката проговори за својата болест и им ја затвори устата на сите

Популарната 22 годишна манекенка, Џиџи Хадид под притисок на јавноста одлучила да проговори и да им ја затвори устата на злите јазици.

Имено, манекенката ја критикуваа поради тоа што изгледа слаба на модните писти, па на нејзиниот профил на Твитер објазнила дека не е се како што изгледа и дека јавноста прави голем грев кога е таа во прашање.

„За оние личности кои постојано истакнуваат дека моето тело не се променило со години, можеби не знаете дека влегувајќи во светот на модата на 17 години, сеуште не ми беше дијагностицирана болеста Хашимото. За сите оние кои тогаш ме нарекуваа „преголема за модната индустрија“, тогаш го видеа моето тело кое ја задржуваше водата , благодарејќи на наведената дијагноста.

Поледните некколку години правило се лечам, со цел да ги спречам наведените симптоми и оние како екстремен умор, проблеми со метаболизмот, неспособност телото да ја задржи топлината и слично. Исто така се подложив на холистички медицински третман кои ми помага за рамнотежа на работата на  тироидната жлезда.

Можеби сум „преслаба“ за вас. Искрено говорејќи не сакам да бидам тоа, но се чуствувам здраво и сеуште учам и „растам“ со своето тело, како и сите други. Не ги осудувам другите, но дрогата не е моја работа. Престанете да ме ставате во одредена кутија, само затоа што не го сфаќате начинот на функционирање на моето тело“. 

Comments are closed.