Продале се и тргнале на пат околу светот- за само два дена изгубиле се!

Маж и жена од Колорадо имале огромна желба да патуваат низ светот. Така тие продале се што имале, купиле брод за кој издвоиле 5.000 долари и уште толку дале за негово опремување. Заедно со своето куче го почнале нивното патување но по два дена пловидба, удриле во непознат објект во близина на брегот во Флорида.

Водата почнала да навлегува во бродот, а за само 20 минути потонал. За среќа Танер и Ники успеале да повикаат помош и да го спасат двегодишното куче Реми и малку облека.

„Продадов се за да го направам ова, а се изгубивме за 20 минути“, вели Тарнет за Tampa Bay Times.

Танер е роден во Флорида каде работел како маркетинг агент, а Ники ја запознал во Филаделфија. На новинарите им раскажале дека двајцата биле уморни од работата и дека две години ја планирале оваа авантура. Во меѓувреме Танер возел за Убер за дополнително да заработи. Во април лани продале се и купиле бродче кое го нарекле Lagniappe, но дури оваа година се одличе да тргнат на пат во нова животна авантура.

За само два дена нивните соништа се срушиле, бродот потонал, а крајбрежната стража им рекла дека ќе им требаат 10.000 долари за да го извадат бродот и да го сместат некаде. Танер и Ники во моментот имаат само 90 долари. Планираат да се преселат кај мајката на Танер и да побараат работа. Без оглед на се, не се откажуваат од соништата.

„Не можеме туку така да се откажеме од нашите сништа“, вели Ники.

Тие ќе работат и повторно ќе штедат бидејќи веруваат дека еден ден нивниот сон ќе стане реалност.

Comments are closed.