Цеца ја запозна новата девојка на Вељко: Еве каков впечаток доби!

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ од неодамна е во нова врска со поранешната кошаркарка Богдана која неодамна ја запозна и со својата мајка Цеца.

Богдана оставила убав впечаток кај Цеца. Иако не почетокот била срамежива и возбудена дека разговара со Цеца, сепак се изненадила колку е таа нормална жена.

-Вељко неодамна ја запозна мајка си со Богдана. Таа се посрами кога ја здогледа Цеца, но набрзо се опушти. Пејачката се воодушеви од нејзината непосредност. Посебно и се допаѓа што е вредна и им помага на родителите во семејната фирма. Цеца тоа исклучително го почитува затоа на Вељко му порача да внимава како се однесува, бидејќи знае дека нејзиниот наследник е голем заводник, раскажува извор.

И Цеца искоментира за настанот:

-Во емотивниот живот на своите деца и нивните избори никогаш не сум се мешала, ниту тоа јавно сум го коментирала. Иако се млади, тие одлично знаат дека тука сум за да им помогнам ако има потреба од тоа. Можам да кажам дека Богдана е културна, убава и воспитана девојка која доаѓа од домаќинско семејство, што ми е исклучително драго.

Comments are closed.