КАКО ДА Е БОЖИЦА: Секси манекенка ги покажа долгите нозе и ги зашемети своите обожаватели

Српската манекенка Софија Милошевиќ на својот инстаграм-профил уште еднаш покажа зошто таа се смета за една од најубавите жени во нејзината земја.

Имено, згодната русокоса објави фотографија на која е заедно со нејзиното момче, фудбалерот Адем Љајиќ, при што ја искористила пригодата да ги покаже своите долги нозе.

„Твоите нозе се премногу секси“, коментирале бројните фанови под фотографијата, љубоморни на фудбалерот на италијанскиот клуб Торино.

Охрабрена од коментарите на обожавателите, Софија објави и фотографија во бикини на која исто така собра илјадници лајкови.

Извор: www.telegraf.mk