Кражба во познат скопски маркет: Двајца скопјани фатени на камера како крадат

Познат скопски маркет на својот профил на фејсбук објави видео од најдзорните камери на кое се снимени двајца муштерии кои крадат чоколади.

Тие решиле ваквите видеа да ги објавуваат на својата фан страна, со цел да се намали кражбата во нивните маркети.

-Додека се трудиме и го вложуваме својот максимум за да ве задоволиме вас, нашите верни потрошувачи, има луѓе кои сакаат да просперираат со крадење и не уназадуваат во нашите амбиции да константно се подобруваме за вас. Бидејќи нема друг начин и полицијата нема решение за ваквите луѓе, од сега ќе ги објавуваме снимките од кражбите во нашите маркети, објавија  од скопскиот маркет Зур на својот Фејсбук профил.

Comments are closed.