Моќно писмо од сопруг кој секојдневно го чисти домот и ги мие садовите: Папучарите не постојат!

Мажите кои ги сакаат и почитуваат своите сопруги, обично од страна на другите мажи се карактеризираат како папучари. Многумина се срамат од таа „титула“, но не би требало. Еден сопруг раскажа што точно мисли на оваа тема и токму поради тоа треба да му се честита.

Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и се смеевме, разговаравме за животот… „Одам на секунда да ги измијам садовите кои останаа во лавабото“, го прекинав во разговорот. Тој ме погледна како да му кажав дека ќе одам да конструирам вселенски брод. По краток молк, проговори, со восхит и зачуденост во својот глас: „Убаво за тебе што ѝ помагаш на твојата сопруга, но кога јас ќе го направам тоа, мојата сопруга не го цени стореното. Една недела го избришав подот и ниту едно благодарам не добив од неа!“

Се вратив и седнав до него со цел да му објаснам дека јас не ѝ помагам на својата сопруга. „Неа не ѝ треба помош, ѝ треба партнер“, почнав да објаснувам. „Ние сме рамноправни во домот и исто како и на сите други партнери, така и нашите задачи се поделени. Имајќи го ова на ум, тоа што јас го правам со сигурност не се работи за помош во домот. Јас не ѝ помагам на својата сопруга да го исчисти домот, туку чистам затоа што и јас живеам тука и сакам да ми биде чисто.

Јас не ѝ помагам да готви, туку готвам затоа што и јас сакам да јадам бидејќи во спротивно ќе бидам гладен. Јас не ѝ помагам на сопругата да ги измие садовите после јадењето, туку го правам тоа затоа што јас ги користев тие садови. Јас не ѝ помагам околу децата, туку се грижам за моите деца – мојата улога е да бидам татко и родител. Јас не ѝ помагам на својата сопруга да ја простира и пегла облеката, го правам тоа затоа што таму има и моја облека, како и облека на моите деца. Јас не сум помошта во домот, јас сум дел од домот.“

ВЕСТА ПРОДОЛЖУВА НА СЛЕДНАТА СТРАНА!