Момче од Тетово се откажа од градскиот живот и со своето куче замина на планина, сега тие ја чуваат Шапка!

Малкумина, а можеби и никој друг нема храброст и желба како младото момче од Тетово, Јован Божиновски, или познат како Кенеди, да го напушти градот и да се пресели на планина за да избега од градската врева и од загадениот воздух. Негов најверен пријател е кучето Хектор.

Скоро две години сум тука, во Тетово се симнувам само по потреба, обично кога треба да платам сметки или да купам нешто за себе, вели младото момче Јован Божиновски, или на многумина познат како Кенеди, кој скоро две години живее и работи на Попова Шапка.

Сите оние што биле во ресторанот „Конак“ на Попова Шапка сигурно имале можност да го видат Јован, кој со својот ведар дух веднаш ќе ви го привлече вниманието.

Јован Божиновски - Кенеди - 02

Јован Кенеди е дефинитивно најмладиот жител на Попова Шапка, а друштво му прави неговиот најверен другар Хектор, куче од расата на алјаски маламут.

Вели дека не му е воопшто досадно. Кога нема гости во ресторанот, тој обично гледа телевизија, сурфа на интернет и, нормално, како секој млад човек користи социјални мрежи каде што е прилично популарен. Јован_Кенеди__13_.jpg

ВЕСТА ПРОДОЛЖУВА НА СЛЕДНАТА СТРАНА!