Нов рекорд: Кајли Џенер ја има најлајкуваната фотографија на Инстаграм досега

Кајли за прв пат ја покажа својата ќерка на Инстаграм, а оваа фотографија за само неколку часа стана најлајкувана фотографија на социјалната мрежа досега.

После долга пауза, Кајли Џенер дефинитивно се врати на социјалните мрежи, а тоа го покажа вчера откако објави фотографија од својата ќерка и го откри нејзиното име.

Реалити ѕвездата објави преубава фотографија, на која нејзината ќеркичка црвсто ја држи за прсt. Како коментар за оваа фотографија Кајли кратко напиша Stormi Webster, па така го откри нејзиното име.

stormi webster 👼🏽

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Оваа фотографија предизвија огромно внимание на Интернет, па само за 10 часа собра повеќе пд 11 милиони прегледи и во рекордно време стана најлајкувана фотографија досега на Инстаграм.

Титулата досега ја држеше Кристијано Роналдо, кој претходно ја исфрли од тронот Бијонсе.

Comments are closed.