Писмото на ова дете до Дедо Мраз го расплака светот: Еве која е неговата желба!

Писмото на малиот Луис Вилијамс од Англија што го напиша за Дедо Мраз го расплака светот. И додека сите деца посакуваат нови играчки, таблети, компијутери, телефони, тој посакува нешто сосема друго.

Тој заедно со неговата мајка и сестра живее во дом за бездомници, а во последните 10 години се селеле повеќе од 14 пати. Еве што напишал деветгодишниот Луис во писмото до Дедо Мраз:

-Драг Дедо Мраз дали оваа година може да добијам куќа засекогаш? Не сакам нови играчки, овие кои ги имам се доволно. Сакам да живеам во мир и да имам своја соба со маса на која би играл со лего коцки. Сите сме тажни што живееме овде и само сакам мојата фамилија да биде среќна. Фала ти многу за примената порака и ти посакувам среќен Божиќ.

Оваа порака расплака многумина. Причината што тие немаат свој дом е тоа што мајката не заработува доволно за ќирија и покрај тоа што работи две работи.

-Работам напорно, но со платата не можам да овозможам да плаќам кирија. Се чувствувам виновна за судбината на моите деца, кога гледам што другите деца си посакуваат за Божиќ се срамам- вели Никол, мајката на Луис.

Инаку тие се наоѓаат на листата за државни станови, а ние искрено се надеваме дека желбата на Луис ќе се оствари во најбрзо време.

Comments are closed.