Плавуша, високи штикли и заледена улица!

Што е поважно – убаво да изгледате или да го преживеете чекорењето по мраз?

На оваа русокоса очигледно и е поважно добро да изгледа – проценувајќи по тоа дека не се откажува од вртоглавите високи потпетици, наспроти тоа што изгледа како Бамби на мраз.

Видеото од оваа плавуша се рашири со брзина на светлината и за многу кратко време доби над 5 милиони прегледи на социјалните мрежи.

Не ни е познато каде е снимено ова видео и дали некој и помогна на девојката безбедно да изоди по мразот, но едно е јасно, таа навистина се прослави.