Прерано роденото бебе ја држи мајчината рака и се бори за живот: Една година подоцна се случува чудо

345 денови. Толку чекале родителите на малиот Тревор и се надевале дека конечно тој ќе го искуси животот надвор од болничките ѕидови.

Бебето било родено 16 недели порано и сите изгледи за преживување биле против него. На денот кога се родил Тревор, тежел 450 грама, а според статистичките податоци на Националниот институт за здравје на деца, неговите шанси за преживување изнесувале околу 8%.

Но, ова мало бебе докажало дека е прав борец. После скоро година дена неизвесност, конечно дошол момент да ја напушти болницата и да си дојде дома кај неговите родители.

Погледнете го видеото подолу и доколку сакате слободно споделете ја оваа негова приказна со вашите пријатели на социјалните мрежи.

_________________________

Скапоцена насмевка: Реакцијата на бебе кое за првпат јасно ги гледа родителите со очила

Невозможно е да не се насмеете на ова видео кое навистина ќе ви го стопли срцето.

За среќа медицината денес е многу напредна и решава многу проблеми кои ги мачат луѓето, а ова е еден од нив.

Мало момченце со оштетен вид ги добива своите први очила, а неговите родители го снимаат неговиот прв впечаток. Најпрво негодува, но откако мајката ќе му ги намести убаво и ќе погледне низ нив тоа почнува слатко да се смее и видливо ја покажува неговата среќа и радост.

Ова видео е поставено минатата година, момчето со насмевката разнежни многумина срца, а веруваме дека и вие уживавте додека го гледавте. Доколку ви се допаѓа споделете го со вашите пријатели!

Comments are closed.