Си купил падобран од интернет, па решил да го испроба од својот балкон (видео)

Маж од Бразил, чие име не е познато, на интернет си купил падобран и решил со него да скокне од терасата на својот стан.

Во снимката која е поставена на интернет се гледа како тој стои на работ на терасата со падобран на грбот.
Исто така се слуша разговор помеѓу него и луѓе кои тука се собрале, а се претспотавува дека му кажуваат како не е најпаметна идеја да скокне со падобранот од балконот.

Меѓутоа, тој не обрна внимание и реши да се фрли од балконот.

Иако летот беше краток, мажот успеал да го отвори падобранот и да слета на земја, но слетувањето и не делувало наивно.

Не е познато дали при слетувањето повредил некој дел од телото.

Извор: www.kumanovskimuabeti.mk

Comments are closed.