Таа живеела во три векови: Еве ја нејзината тајна за долг живот!

Таа е родена на 29-ти ноември 1899-та година и се верува дека е единствената жена која може да се пофали дека живеела во три векови.

Тајната на нејзината долговечност според неа се крие во умерената храна. Таа јаде по 2 јајца секој ден и тоа е целата храна која и е потребна.

„Сакам да јадам и колачи, но тоа се случува ретко бидејќи немам заби“ – објаснува со насмевка на лицето.

baba1

Вели дека започнала да се храни на таков начин уште од кога имала 20 години, бидејќи и била дијагностицирана анемија.

Нејзината храна тогаш вклучувала 2 живи јајца и 1 варено. Вели дека јадела и месо но штом чула дека тоа ги зголемува шансите за појава на канцер целосно го исфрлила од исхраната.

Таа живее сама во Вербанија, мало место на езерото Маџоре, веќе 20 години.

baba2

Во 1938 година го напуштила насилниот сопруг, по смртта на нивниот единствен син, бидејќи не сакала никој да доминира над неа.

Иако живее сама таа вели дека постојано ја посетуваат луѓе од целиот свет.

Извор: www.crnobelo.om

Comments are closed.