ТАЖНА ПРИКАЗНА СО СРЕЌЕН КРАЈ: Идентични близначки се сретнаа откако биле разделени како бебиња

Емисијата „Good Morning America“ успеа да го расплаче целиот свет, благодарение на една среќна приказна. Тие успеаја да спојат две 10-годишни сестри близначки кои што биле разделени уште како бебиња.

Одри Доринг и Грејси Рејнсбери биле родени во Кина, а потоа Грејси била посвоена во Вашингтон, а Одри во Висконсин.

Сепак и двете фамилии не знаеле дека тие имале сестра близначка, се додека еден ден, мајка и на Одри, Џенифер, не налетала на една фотографија од нив двете кога биле бебиња во центарот за посвојување.