Тијана Дапчевиќ го шокира жирито кога го направи овој потег…

И синоќа во шоуто ,,Твое лице звучи познато” имаше спектакуларни настапи, а еден од нив беше и настапот на нашата Тијана која за малку не излезе повторно прва.

Таа имаше навистина спектакуларен настап, овој пат изведувајќи ја Мадона и го раздрма целото студи, посебно кога се качи на пултот на жирито кои останаа шокирани.

-Ова е една од песните на која не сум голем фан, зашто Мадона има толку многу прекрасни песни во својата 30 годишна кариера, но младите ова го сакаат. Ова е нова песна на Мадона, кажа Тијана за песната „Bich I’m Madona“.

Таа од жирито ги доби највисоките оцени но излезе втора. Прв беше Бранислав Лечиќ како Антонио Бандерас во филмот „Десперадо“ и на сцената како латино заводник имаше најдобар настап досега.

Comments are closed.