Веќе го имаме запросувањето на годината: Ѝ рече дека авионот ќе се сруши и ѝ даде да чита листа со совети против паника

Додека за некого запросувањето е романтичен чин со многу свеќи, цвеќиња, вино… за некого романтиката е авантура која влева страв во коски. Таков еден пример е Антонио кој на својата девојка Катарина ѝ приреди шоу кое никогаш нема да го заборави.

Откако ја поканил да летаат со авион рекреативно, тој по некое време ѝ кажал дека авионот има проблеми и дека може да се сруши, па затоа ќе мора принудно да слетаат. Тоа беше огромна лага од ова момче кое за да ја смири својата девојка ѝ даде листа со совети против паника.

Ја натера да ги чита полека, а меѓу нив имаше едно прашање кое не беше баш совет.

„Овде е свршеничкиот прстен. Покренете го процесот на негово активирање и пратете го остатокот од упатството“, прочита таа на глас.

Кутрата толку беше во паника што ѝ требаше неколку минути да сфати што всушност прочита.

Погледнете:

Comments are closed.