Зимска реклама за „Стојадин“ од 70 – тите ќе ве врати во минатото и насмее до солзи

Лошите временски прилики изминативе денови го парализираа сообраќајот ширум регионот.

Голем број и најиздржливи автомобили со синџири и полна зимска опрема се најдоа заглавени во снежните навеви.

Надлежните предупредуваат да не се трга на пат без сериозна потреба, што не беше случај пред педесетина години кога на нашите патишта „царуваше“ легендарниот модел на Застава популарниот „Стојадин“ кој беше гордост на оваа фабрика од Крагујевац.

На снимката која неодамна беше објавена на фејсбук страната на Застава автомобилите се гледа како популарниот „Стојадин“ со своите перформанси им се противи на студот и снежната виулица.

Навистина интересна и моќна реклама која ќе прободи многу емоции кај луѓето кои биле некогаш сопственици на овие автомобили.
Извор: www.makedonijadenes.com.mk